text size
Македонија е на 76-то место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува „Транспаренси интернешнел“. На скалата каде што нула поени значи дека е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, Македонија има 42 поена. Во споредба со извештајот за 2022 година, Македонија бележи скок од девет места, тогаш беше рангирана на 85-та позиција, но ако се гледаат освоените поени, има само два плус во споредба со една година претходно. Тоа што има 42 поена значи дека во земјава останува високото ниво на корупција. Измените во Кривичниот законик се наведуваат како главна забелешка за слабиот напредок на земјата во борбата против корупцијата.