text size
Португалија продолжува да ги нуди најдобрите златни визи во светот. Сончевата нација обезбедува достапен и висок квалитет на живот, како и лесен пристап до другите европски земји и јасен пат до државјанството на ЕУ, според индексот на консултантската куќа „Хенлеу енд Партнерс“ (Henley & Partners), која ги испитувала факторите како што се времето до државјанство, даноците, трошоците и угледот. Австрија и Грција се изедначија на второто место во рангирањето.