text size
По синоќешните напади на Иран врз Израел министерот за надворешни работи Бујар Османи донел одлука за формирање кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од Блискиот Исток доколку за тоа има потреба. Покрај амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.