Лидерот на Хамас во редок јавен коментар истакна дека организацијата е блиску до постигнување „договор за примирје“ со Израел преку катарска медијација, што сугерира дека разговорите за ослободување на некои заложници што ги држи групата со седиште во Газа напредуваат.
Коментарите на Исмаил Ханија доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел и Хамас се приближуваат кон договор за ослободување на некои од 240-те заложници што беа земени кога групата упадна во Израел на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 луѓе.
„Движењето го даде својот одговор до браќата во Катар и посредниците и блиску сме до постигнување договор за примирје“, соопшти Ханија во објава на Телеграм.
Прочитај повеќе
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023
Израел го зголемува влогот: „Ќе го збришеме Хамас од лицето на Земјата“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по формирањето итна влада и воен кабинет, навести голем копнен напад врз Газа.
12.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Израел, кој вети дека ќе го уништи Хамас, со недели вели дека не може да размислува за примирје додека не бидат ослободени сите заложници. Но во последниве денови се зголемуваат знаците дека двете страни се поблиску до делумен договор за заложниците и привремено примирје.
Катар, кој е домаќин на некои од политичките лидери на Хамас, помага во посредувањето во разговорите меѓу групата, која е прогласена за терористичка организација од САД и од Европската Унија.
Ова се случува во моменти кога расте меѓународниот притисок врз Израел да ја прекине својата шестнеделна одмаздничка офанзива во Газа, за која властите во енклавата управувана од Хамас велат дека убила илјадници цивили и предизвикала хуманитарна криза. Арапска делегација предводена од највисокиот дипломат на Саудиска Арабија е во посета на Русија еден ден по разговорите во Кина, од каде што повикаа на деескалација во Газа за да ѝ се стави крај на, како што рекоа, катастрофата таму. Водачите на големите земји во развој - познати како БРИКС - во вторник ќе одржат видеосамит за војната меѓу Израел и Хамас.
Хамас начелно се согласил повеќе од 50 жени и деца да бидат ослободени, објави претходно „Аксиос“ (Axios). За возврат, Израел секојдневно ќе ги паузира своите воени напади на одредено време и ќе ослободи некои Палестинци од израелските затвори. Израелскиот „Канал 12“ цитираше неименуван висок израелски функционер, кој вели дека договорот за заложници е „многу блиску“. Оние што ќе бидат ослободени ќе бидат деца, нивните мајки и други жени, се наведува во извештајот.
Израелските сили се ангажирани во тешки борби со Хамас во северниот дел на Појасот Газа. Главниот удар на копнената офанзива на Израел е кон исток во градот Газа, кој војската го опишува како „центар на гравитација“ на Хамас. Израелските сили презедоа контрола врз многу делови од градската болница „Шифа“ и во текот на викендот покажаа видеа за кои велат дека докажуваат оти Хамас го искористил објектот, градејќи команден центар и тунели под него.
Додека Израел ги концентрираше своите воздушни и копнени напади на северот на Газа, сега своето внимание го насочува кон југ, сигнализирајќи ја можноста за испраќање војници таму. Израел ги повика цивилите да се евакуираат во јужниот дел на Газа од почетокот на војната.
Обединетите нации велат дека хуманитарната ситуација во густо населениот Појас Газа е страшна и дека на неговите приближно два милиона жители им се потребни многу повеќе храна и лекови.