Политика

(Видео) Маричиќ: Имаме формула која гарантира тек на преговорите со ЕУ

Автор: Наташа Стојановска

14 јули 2022, 19:43

Ако Собранието го прифати предлогот, Македонија уште наредната недела ќе ги почне преговорите со ЕУ

Bloomberg Adria

Доколку ревидираниот француски предлог добие поддршка во Собранието, преговорите ќе ги почнеме уште наредната недела, изјави денеска во гостувањето во Bloomberg Adria TV, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тој го коментираше и говорот кој претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен го одржа денеска пред македонските пратеници кои расправаат за францускиот предлог. Според Маричиќ, Фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека историјата не е и не може да биде критериум за членство во Европската Унија.