text size
САД разработуваат мерки за поддршка на Бугарија по прекинот на испораките на гас од Русија, изјави помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид.
„Сакам јасно да кажам дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во целост ја поддржува Бугарија“, рече Донфрид.
Тој додаде дека САД сакаат да им помогнат на европските земји да најдат алтернативни добавувачи.
„Американскиот течен гас игра клучна улога овде“, истакна Донфрид.