text size
На крајот на 2020 година група високопозиционирани вработени во компанијата „Опен еј-ај“ (OpenAI), незадоволни од тоа што, според нивното мислење, компанијата не посветувала доволно внимание на етиката и безбедноста во врска со вештачката интелигенција, ја напуштија фирмата и ја основаа „Антропик“ (Anthropic PBC). Само неколку години подоцна помладата компанија прерасна во гигант во областа на вештачката интелигенција, кој се подготвува за една од најголемите и најследени иницијални јавни понуди на акции (англ. Initial Public Offering - ИПО) во историјата.