text size
Берзанските индекси во Соединетите Американски Држави (САД) го завршија вчерашниот ден со добивка, откако во текот на целата сесија тргувањето беше неизвесно и со повеќе промени. Оптимизмот дојде како последица на објавените економски податоци дека буџетскиот дефицит е намален веќе втор месец по ред и изјавата на официјалните лица на американските Федерални резерви (ФЕД).