text size
Од 01.06.2023 година ќе започнат да се применуваат новите правилата за членство на Македонска берза АД Скопје одобрени од Комисијата за хартии од вредност на 11 мај годинава. Од берзата информираа дека новите правила се воведуваат заради модернизирање односно усогласување со законските и подзаконските акти коишто се донесени или изменети во меѓувреме.