text size
Неделата зад нас на пазарите на капитал во Адрија регионот помина во мешано, празнично расположение, со позитивни поместувања на поголемите берзи, но и благ песимизам на помалите. Додека корпоративните вести од Загреб и Љубљана носат оптимизам, инвеститорите на глобално ниво со нетрпение го очекуваат таканареченото „Santa Claus Rally“, кое засега изостана.