text size
Руската нафтена компанија „Гаспром“ соопшти дека нема никаков документ кој би овозможил извоз на опремата потребна за гасоводот „Северен тек 1“ од Канада, каде што моментално се врши ремонтот. Ова се чини дека доста го компликува враќањето во нормала на протокот на гас од Русија долж овој гасовод, со што полека се исполнуваат црните сценарија.