text size
Македонија е една од ретките, а можеби и единствена држава што на својата територија има нафтовод што не го користи. Изминуваат 11 години откако беше прекинат транспортот на сурова нафта преку нафтоводот Скопје-Солун, откако грчката компанија „Хеленик петролеум“ оцени дека неговото работење е непрофитабилно. Овој инфраструктурен проект е изграден во 2002 година, долг е 213 километри, а има носивост на транспорт од 2,5 милиони нафта на годишно ниво. Во изминатите три години, сведоци сме, има постојани најави за негово рестартирање.