text size
Истражителите кои го испитуваат речиси катастрофалниот лет од Дубаи до Тел Авив изјавија дека копилотот на „Флајдубаи“ се обидел да изврши „терористичка операција“ кога го нападнал капетанот. И натаму излегуваат нови детали за хаотичниот инцидент кој, за чудо, заврши со безбедно слетување.
Копилотот го нападнал пилотот во пилотската кабина со секира за итни случаи, а потоа се обидел да ја преземе контролата над авионот, изјави федералниот обвинител на ОАЕ Хамад Ал Шамиси во соопштение објавено во саботата од државната новинска агенција.
Напаѓачот бил државјанин на Оман по име Хамам ал-Хамами, објави во саботата „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на три извори.
Прочитај повеќе
Пилот избодел колега на „Флајдубаи“, патниците и екипажот спречиле катастрофа на лет кон Тел Авив
Авионот на „Флајдубаи“ изгубил 4.300 метри висина за помалку од 30 секунди по напад меѓу пилотите, пред екипажот да успее да спречи голема трагедија.
30.09.2026
Истрагата за летот FZ1073 сè уште трае и се испитуваат можните мотиви за операцијата и сите страни со кои таа би можела да биде поврзана, изјави Ал Шамиси, додавајќи дека се спроведуваат и технички тестови и се истражуваат физички и дигитални докази.
Двајцата пилоти во петокот биле префрлени во ОАЕ на испрашување од Саудиска Арабија, каде што авионот „Боинг 737 макс“, со повеќе од 170 патници, принудно слета на аеродромот „Принц Султан бин Абдулазиз“. Авионот за малку избегна катастрофа кога беше принуден нагло да се спушти.
Копилотот имал забарана за летање од Оман поради загриженост дека усвоил радикални идеолошки ставови, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани лица запознаени со случајот.