text size
Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно на крстосниците пред ТЦ „Мавровка“, Црвен крст, како и на булеварот Илинден, околу локацијата на градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите сè до исполнувањето на нивните барања.