text size
Масивен ураган, историска суша и 16 други големи катастрофи низ САД направија штети од 165 милијарди долари и убија најмалку 474 луѓе во 2022 година, покажува анализата на Националната океанска и атмосферска администрација објавена денеска. Националните центри за информации за животната средина (НОАА) ги следат најголемите катастрофи, од кои секоја има причинето штета од најмалку една милијарда долари.