text size
Трговците се обложуваат дека вештачката интелигенција и машинското учење ќе имаат најголемо влијание на финансиските пазари во наредните години. Повеќе од половина од испитаниците на истражувањето на „ЈП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co), спроведено меѓу 835 институционални и професионални трговци, рекоа дека тие технологии ќе имаат најголемо влијание врз тргувањето во следните три години. Тоа е повеќе од една четвртина во истражувањето од 2022 година.