text size
Македонскиот пасош се најде на 43-то место на листата најмоќни пасоши на светот во 2023 година подготвена од лондонската консултантска компанија за имиграции „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners). На листата се рангирани вкупно 199 земји, а главен параметар е во колку дестинации може безвизно да се патува со одреден пасош.