text size
Законодавството во Босна и Херцеговина е прилично ригидно и застарено и не може да биде во чекор со развојот на системот и општеството, поради што иновативните лекови не се достапни за многу пациенти, заклучија панелистите на вториот панел насловен „Имаме можност: Како до единствена листа на лекови и поефикасни процедури“, во рамки на конференцијата „Иднината на здравствената и фармацевтската индустрија" што се одржа денеска во Сараево во организација на медиумската компанија „Блумберг Адрија“.