text size
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.