text size
Собранието, со гласови од 90 „за“, ниеден „против“ и без воздржани, во рамките на 144. седница, по скратена процедура, го прифати Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Според новите изменувања, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ ќе останат важечки до крајот на 2024 година.