text size
Расте бројот на компании кои преку Министерството за одбрана се впишуваат во регистарот на компании кои можат да се пријават на тендерите на НАТО пазарот. Ако во 2021-та година тој број бил осум, во 2023-та дваесет и една, а до денеска вкупно 44 компании ја имаат таа можност. За ова информираше министерката за одбрана Славјанка Петровска говорејќи на настанот кој Министерството го организира заедно со НАТО Агенцијата за поддршка и набавки и НАТО Агенцијата за комуникации и информации. Станува збор за НАТО Индустриски ден на кој компаниите подетално можат да се запознаат со постапките и процедурите за настап на НАТО пазарот кој во моментов изнесува над 10 милијарди евра на годишно ниво.