Општо

Поскапува студирањето за Македонците во Германија

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

8 август 2024, 12:37

Минималната сума од септември ќе се зголеми за 700 евра

Минималната сума е услов за добивање виза

Овие пари стојат на посебна сметка, а на студeнтите им се исплатуваат месечни рати

Поскапува студирањето за Македонците во Германија

Depositphotos

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Од почетокот на новата академска година во септември, Германија го поскапува студирањето за Македонците и другите студенти кои не се од земјите на Европската Унија.

Услов за добивање виза за студентите кои доаѓаат од земјите кои не се во ЕУ е да докажат дека имаат доволно пари за да се издржуваат за време на студирањето. Овој доказ сега се зголемува за околу 700 евра годишно.

Парите кои се финансиски доказ се депонираат на посебна сметка која се нарекува блокирана сметка. Парите се заклучуваат и потоа се ослободуваат во месечни рати на сопственикот на сметката, објави „Студирање во Германија“ (Studying-In-Germany), најголемата платформа за информации за студирање во оваа земја.

„Од јануари 2023 година, потребниот износ во блокираната сметка при аплицирање за германска студентска виза беше 11.208 евра (934 евра месечно). Од септември 2024 година, овој износ се очекува да се зголеми на 11.904 евра за 12 месеци, или 992 евра месечно. Овој депозит е минималниот износ што мора да го имате во вашата блокирана сметка за да демонстрирате финансиски средства (Finanzierungsnachweis) за студентска виза“, велат од платформата.

Германските власти бараат блокирана сметка и за студентите од земји на кои не им е потребна виза за Германија (како САД, Канада, Јапонија и др.).

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Поседувањето на оваа сметка, според германските власти, е важно затоа што ја зголемува сигурноста на студентите, иако во некои случаи тоа ќе претставува сериозна тешкотија.

„Новиот финансиски праг веројатно ќе го направи студирањето во Германија за студентите од земјите надвор од ЕУ понапорно. Некои студенти може да се соочат со тешкотии во исполнувањето на зголемените финансиски барања, што потенцијално може да доведе до намалување на апликациите од овие земји. Сепак, оние кои ќе успеат да го исполнат прагот може да бидат финансиски постабилни и подобро подготвени за трошоците за живот во Германија.“, објаснува Алма Мифтари, раководител на истражување во „Студирање во Германија“.

Студирањето во Германија без блокирана сметка е возможно само ако постои доказ дека студентот има доволно средства преку други алтернативи.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите