text size
Паѓа бројот на домашни студенти на македонските универзитети, но затоа од година в година расте бројот на странските. Според податоците на државната статистика, вкупниот број на студенти од Македонија што се запишале на која било студиска година на некои од универзитетите или високите стручни школи во земјава за 10 години паднал за речиси 10.000, од 57.023 во учебната 2014/2015 година на 47.579 во 2023/2024 учебна година, или за речиси 17 проценти.