Скопскиот аеродром од 3 мај се поврзува со Барселона и со Лион. Летовите ќе ги реализира авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air) со субвенции од Владата, потврдија на денешната прес-конференција претставници на „ТАВ Македонија“ и на „Визер“.
На релацијата Скопје - Барселона ќе има летови двапати неделно, во вторник и во сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и во сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота, во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи.
Прочитај повеќе

Почнува летниот ред на летање, а со тоа и нови авиолинии од Македонија
Од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови
29.03.2025

Две нови авиолинии по барање на дијаспората
Двете дестинации се воведуваат по барање на дијаспората, а со нив ќе оперира авиокомпанијата „Изиџет“.
22.01.2025

Почна продажбата на билети за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт
Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска.
17.12.2024

Ова се светските авиолинии со најопасни турбуленции
Силни турбуленции се создаваат кога се спојуваат воздушни струи што патуваат со значително различни брзини.
27.05.2024
„По тригодишна пауза, пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери, Владата и ’Визер’“, рече денеска на прес-конференција Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Тој верува дека оваа линија ќе биде уште попопуларна од пред три години, со многу патници.
Меѓународниот аеродром во Скопје првпат се поврзува со Лион, како што рече Курт, посебен град, кој има што да понуди, под заштита на УНЕСКО и роден град на кинематографијата, со атрактивна гастрономска понуда.
Курт соопшти дека цел им се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларника во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.
Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје - Дубаи, но во договор со „Флајдубаи“ (Flydubai) е oдложен за наесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата, според раководството на ТАВ, ќе донесе многу патници на најавената линија.