САД и Кина постигнаа „значаен напредок“ во преговорите во Женева
Бесент и Грир рекоа дека се задоволни од преговорите и дека ќе споделат повеќе детали во понеделник.
пред 18 часа
14 јули 2022, 19:43
Ако Собранието го прифати предлогот, Македонија уште наредната недела ќе ги почне преговорите со ЕУ
Bloomberg Adria
Доколку ревидираниот француски предлог добие поддршка во Собранието, преговорите ќе ги почнеме уште наредната недела, изјави денеска во гостувањето во Bloomberg Adria TV, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Тој го коментираше и говорот кој претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен го одржа денеска пред македонските пратеници кои расправаат за францускиот предлог. Според Маричиќ, Фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека историјата не е и не може да биде критериум за членство во Европската Унија.