Фудбалот за првпат го престигна бејзболот како апсолутно омилен спорт во Соединетите Американски Држави, според податоците на „Ампере анализис“, објавени од „Економист“, што потврдува дека американскиот спортски пазар се менува и на ниво на навики, а не само поради моменталниот тренд.
Во истражувањето за четвртиот квартал од 2024 година, околу 10 проценти од испитаниците го наведуваат фудбалот како свој спорт број еден, што го става тесно пред бејзболот (околу девет проценти). Американскиот фудбал останува убедливо прв избор со околу 36 проценти, додека кошарката е втора со приближно 17 проценти.
За разлика од мерењето на интересот или повременото следење, метриката за омилениот спорт опфаќа подлабока емоција и поголема веројатност за потрошувачка, плаќање претплати, купување билети и спортска опрема, како и долгорочна лојалност. Тоа е една од причините зошто овој поместување внимателно се следи во медиумските куќи, стриминг платформите и кај спонзорите.
Прочитај повеќе
Спортската 2026 година ќе биде луда: седум бизнис-приказни што не треба да ги пропуштите
Спортската 2026-та ќе биде прва година во која истовремено ќе се судрат сите клучни индустриски трендови.
02.01.2026
Кои се „експертите за спиење“ и зошто фудбалот одеднаш има потреба од нив
Кога спортскиот директор на „Ајнтрахт Франкфурт“ објаснува зошто клубот вработува дури двајца експерти за спиење, еден постојано, а друг повремено, тргнува од едноставната теза „не постои развој на играч без секојдневни, доследни перформанси на максимално ниво“.
28.12.2025
Никој веќе не се грижи за купот? Фудбалскиот бизнис ја јаде традицијата
Куп-натпреварите долго време беа емотивен симбол на фудбалот - елиминација, изненадувања, мали места на големата сцена...
11.12.2025
Баерн го блокира ЧетГПТ: Фудбалот влегува во ера на интерни платформи со вештачка интелигенција
Вештачката интелигенција станува дел од секојдневниот оперативен ритам на фудбалските клубови, но Баерн е првиот што презема радикален потег, блокирајќи го ЧетГПT и пренасочувајќи ги сите вработени кон сопствената платформа за вештачка интелигенција во приватен облак.
05.12.2025
„Амрепе“ веќе подолго време предупредува дека фудбалот во САД е специфично атрактивен за емитувачите и стриминг сервисите поради профилот на публиката и потрошувачките навики. „Разбирањето на навиките на конзумација на американските фудбалски навивачи е клучно за емитувачите кои сакаат да осмислат и изградат привлечна содржина,“ изјави Сем Нурсал, истражувачки аналитичар на „Ампере“, во коментар на претходен извештај за пазарот.
Доаѓањето на Лионел Меси во MЛС предизвика значаен дел од растот/Depositphotos
Промената доаѓа во момент кога американскиот пазар дополнително се глобализира преку постојана достапност на европските лиги на дигиталните платформи, раст на вредноста на фудбалските франшизи и приближувањето на Светското првенство во 2026 година, кое ќе биде најголемиот стрес-тест за тезата дека фудбалот станал мејнстрим производ, а не само тренд настан.
Особено е важно што САД станаа најголем меѓународен пазар за четирите најголеми европски лиги. На претходното Светско првенство, во 2022 година, Америка беше највредната поединечна територија, со удел од 15 проценти во вкупната потрошувачка за ТВ права.