text size
Комуналните услуги се нешто што луѓето го користат без оглед на состојбата на економијата. Затоа акциите на водоводните компании се сметаат за таканаречени дефанзивни акции, кои во услови на рецесија, кога поголем дел од пазарот губи вредност, претставуваат сигурно засолниште за инвеститорите. Сепак, она што ги прави сигурни во кризни периоди истовремено го ограничува нивниот раст кога пазарите напредуваат, па од 2021 година значително заостануваат зад индексот S&P 500. Преку примерот на американските компании „Американ вотер воркс“ (American Water Works), „Есеншл јутилитис“ (Essential Utilities) и „Американ стејтс вотер“ (American States Water) може да се види како врз нивното работење влијаат каматните стапки, рецесијата и високата задолженост.