text size
Македонија има подобри оценки од рејтинг-агенциите од тоа што инвеститорите мислат дека заслужува. Во слична ситуација е и Србија. За разлика од овие две земји, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина се построго оценувани и нивните рејтинзи се пониски од тоа што би требало да бидат. Ова е заклучокот на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Во најновата анализа ги споредуваме кредитните рејтинзи што на земјите им ги доделуваат највлијателните рејтинг-агенции, со ризикот за нивните обврзници што на пазарот го гледаат инвеститорите. Конкретно, анализираме колку овие оценки одговараат со таканаречениот распон на државните обврзници (разликата на приносот на некоја национална обврзница со некоја референтна обврзница - најчесто американската или германската десетгодишна обврзница). Колку повисок распон, толку поголем ризик, тоа е познато.