text size
Во Македонија денес се слави 8 Септември – Денот на независноста односно 35 години од прогласувањето суверена и самостојна држава. Нашата земја во овој период мина низ многу премрежија на политички и на економски план, што резултираше со бавен наместо забрзан развој. Поради тоа, Македонија во континуитет го губи најголемиот капитал – луѓето, што најдобро го илустрираат негативните демографски показатели.