text size
Во услови кога криптопазарот доживеа своевиден колапс, „Блумберг Адрија“ анализираше колку се заинтересирани граѓаните од регионот за инвестирање во овие виртуелни валути и какви се очекувањата за нивната вредност во иднина. Нашите наоди покажуваат дека македонските граѓани се на дното на листата меѓу земјите од регионот Адрија, рангирани по бројот на сопственици на криптовалути. Анализата покажа и дека заинтересираноста на граѓаните од овие простори за инвестирање во овие инструменти е помала од онаа на граѓаните во големите западни економии.