„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 2 дена
13 март 2023, 11:21
СВБ УК минатата година оствари добивка пред оданочување од 88 милиони фунти
Продажбата ја потврди британскиот министер за финансии Џереми Хант
БоЕ вели дека банкарскиот систем во Британија е стабилен и здрав
Depositphotos
ХСБЦ (HSBC) го купи бизнисот на „Силикон валеј банк“ - СВБ (Silicon Valley Bank / SVB) во Велика Британија за една фунта, беше објавено во понеделникот наутро.
Со овој потег ХСБЦ добива банка со кредити од околу 5,5 милијарди фунти и депозити од околу 6,7 милијарди фунти. СВБ УК (SVB UK) минатата година оствари добивка пред оданочување од 88 милиони фунти, се вели во соопштението.
Прочитајте повеќе: Пропаѓањето на СВБ шири паника меѓу компаниите
„Оваа аквизиција е одличен стратегиски чекор за нашиот бизнис во Британија. Ја зајакнува нашата франшиза за комерцијално банкарство и ја подобрува нашата способност да им служиме на иновативните и брзорастечки компании, вклучувајќи ги и технолошкиот и научниот сектор во Британија, но и на меѓународно ниво“, рече извршниот директор на ХСБЦ, Ноел Квин, додавајќи дека клиентите на СВБ УК можат да продолжат со банкарските активности како и обично, знаејќи дека нивните депозити се поддржани од силата и сигурноста на ХСБЦ.
Продажбата ја потврди и британскиот министер за финансии Џереми Хант, кој истакна дека во целата приказна не биле искористени јавни пари.
„Една третина од најголемите британски фирми за ризичен капитал соработувале со банката ’Силикон валеј’“, изјави Мајкл Мур, шеф на Британската асоцијација за приватен и ризичен капитал, за Блумберг ТВ. „Од нив, 40 отсто се соочуваат со непосредни тешкотии, како што е неисплата на платите“, нагласи тој.
„Британските фирми имаат околу 2,5 милијарди фунти депозити заклучени во СВБ“, посочи Мур, повикувајќи се на истражувањето на неговата групација за 1.000 компании.