Бизнис

Дојче банк заинтересирана за одредени делови од Кредит Суис

Извор: Steven Arons, Katherine Griffiths, Dinesh Nair/Bloomberg

18 март 2023, 16:38

Дискусиите се вртат околу тоа кои делови од Кредит Суис би биле атрактивни

Тековните размислувања на германската банка се интерни и сè уште нема конкретни предлози

Кредит Суис се бори да повлече граница во услови на длабока криза на доверба

Bloomberg Mercury

„Дојче банк“ (Deutsche Bank AG) ја следи ситуацијата во „Кредит Суис“ (Credit Suisse Group AG) со цел потенцијално да преземе одредени бизниси, велат извори запознаени со ова прашање.

Дискусиите се вртат околу тоа кои делови од „Кредит Суис“ би биле атрактивни и каква вредност би им била поставена на посакуваните средства ако се појават на пазарот доколку бидат купени од УБС (UBS Group AG) или ако се радвојат, велат изворите, барајќи да останат анонимни бидејќи се работи за приватни информации. Досегашните размислувања на германската банка се интерни и таа сè уште нема дадено конкретни предлози до швајцарскиот заемодавец, посочуваат упатените.

Размислувањата на „Дојче банк“ се дел од поголем потфат за проценка на потенцијалните последици од падот на „Кредит Суис“, според изворите. Најголемата швајцарска банка УБС размислува за целосно купување или преземање на делови од својот помал ривал, по повикот на швајцарските регулатори да се запре кризата на доверба, објави претходно „Блумберг“.

Од „Дојче Банк“ го одбиле барањето за коментар.

Бизнисите за управување со имот и богатство на „Кредит Суис“ би можеле да бидат од интерес, имајќи предвид дека германската фирма сака да се прошири во тие области. Таа веќе ги проучувала тие бизниси додека швајцарската банка подготвуваше голема ревизија на стратегијата што ја претстави на крајот на октомври, објави „Блумберг“. Проектот е во мирување откако швајцарскиот заемодавец го објави ремонтот, иако извори неодамна рекоа дека тој може да биде обновен доколку овие оддели станат достапни.