Бизнис

„Фајненшл тајмс“: УБС нуди да го купи Кредит Суис за милијарда долари

Извор: Angela Cullen/Bloomberg

19 март 2023, 14:43

Понудата била соопштена во неделата наутро со цена од 0,25 франци по акција

Властите планираат да ги променат законите во земјата за да го заобиколат гласањето на акционерите

Од Кредит Суис се противат на ваквата понуда

Bloomberg Mercury

Најголемата швајцарска банка УБС (UBS Group AG) понудила купување на помалиот ривал „Кредит Суис“ (Credit Suisse Group AG) за сума до милијарда долари, во зделка со акции, за да го преземе заемодавецот кој западна во низа проблеми, според угледниот весник „Фајненшл тајмс“ (Financial Times).

Швајцарските власти планираат да ги променат законите во земјата за да го заобиколат гласањето на акционерите за трансакцијата бидејќи брзаат да го финализираат договорот пред понеделник, објави весникот во неделата, цитирајќи четири извори добро упатени во ситуацијата.

Понудата била соопштена во неделата наутро со цена од 0,25 франци по акција што треба да се плати на УБС, се вели во извештајот. Од УБС, исто така, инсистирале на промена што го поништува договорот ако нејзиниот кредитен стандарден распон скокне за 100 базични поени или повеќе, велат упатените. „Кредит Суис“ постигна до 1,86 франци на затворањето во петокот.

Преговорите се забрзале во саботата, при што сите страни се залагаат за решение што може да се изврши брзо, само по една недела откао клиентите на „Кредит Суис“ почнаа да ги повлекуваат парите, а договорните страни се повлекуваат од некои зделки со замодавецот.

Двете банки имале ограничен контакт, со услови под големо влијание на Швајцарската национална банка и регулаторот Финма (Finma), објави „Фајненшл тајмс“. Ситуацијата се одвива многу брзо и нема гаранција дека ќе се постигне договор или дека условите ќе останат исти, објави весникот.

BloombergAdria.com

 

Владата подготвува итни мерки за да овозможи преземањето да продолжи со забрзано темпо и планира да воведе закони што ќе го заобиколат вообичаениот шестнеделен период на консултации потребен за акционерите на УБС, објави весникот.

Меѓутоа, според најновите информации кои ги пренесе „Блумберг“, „Кредит Суис“, која го заврши петокот со пазарна вредност од околу 7,4 милијарди франци (8 милијарди долари), верува дека понудата е премногу ниска и дека ќе им наштети на акционерите и вработените, посочиле извори запознаени со развојот на настаните.