text size
„Брера Холдингс“ (Brera Holdings PLC) вчера потпиша писмо за намери за купување на македонскиот фудбалски клуб Академија Пандев, соопшти компанијата. Во сопштението се вели дека станува збор за европски прволигаш од Македонија, земја која има право на учество во трите големи натпреварувања на УЕФА.