Бизнис

Се наѕира крај на драмата, петок е Денот Д за Илон Маск и 'Твитер'

Автор: Matej Prša

27 октомври 2022, 12:59

Петок, 28 октомври е судскиот рок за потврда од Маск за купувањето на 'Твитер'

Станува збор за сума од 44 милијарди долари

Маск планира да ја интегрира употребата на Dogecoin во екосистемот на платформата

Bloomberg

Сагата околу преземањето на „Твитер“ (Twitter) од страна на Илон Маск, вредна 44 милијарди долари, е пред самата завршница. Потврда дојде и од американските банки, а меѓу кои се вклучени и „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), „Банка на Америка“ (Bank of America) и Барклис (Barclays), од кои секоја посебно е подготвена да понуди заем од 2,5 милијарди долари за потфатот на Маск. Во играта има вкупно седум банки кои на Маск можат да му стават на располагање 13 милијарди долари.

Еден од инвеститорите е водечката светска крипто-берза „Бајненс“ (Binance). Подготвени се да стават на располагање 500 милиони долари. Други инвеститори се Катарската инвестициска управа (Qatar Investment Authority) и корпорацијата „Секвоја капитал“ (Sequoia Capital), која има долга историја на соработка со блокчејн и крипто-компании.

Маск не ги крие своите планови за прилагодување и уредување на Twitter. Тој особено ја нагласува апсолутната слобода на говор, сугерирајќи намалување на потребата од модераторски кадар. Маск, исто така, ги анкетираше корисниците на Twitter за можноста за промени на платформата кои би вклучувале копче за едитирање.

BloombergAdria.com

 

За време на гостувањето во емисијата TED Talk во април годинава, Маск го истакна својот став за платформата, со акцент на слободата на говорот.

Како една од главните причини поради која работа веќе не е финализирана, Маск го истакна тоа што реалниот број на спам-налози, од првичната бројка од пет проценти, дошол до реални 20 проценти, што според него е премногу. Тој посочи дека тоа е една од работите што го „влошува“ Twitter.

„Ако имав еден Dogecoin за секоја крипто-измама што сум ја видел, веќе би имал 100 милијарди Dogecoins“.

Љубовта помеѓу Dogecoin и Илон Маск е веќе надалеку позната. Маск дури планираше да внесе Dogecoin во екосистемот на Twitter.

Интересно е да се истакне дека Dogecoin скокна за 13 проценти во последните 24 часа, додека акциите на Twitter го отворија денот во црвено, па завршија во зелено.

BloombergAdria.com

 

Внесувањето на Dogecoin во екосистемот на Twitter сигурно ќе биде добра вест за крипто-инвеститорите и за инвеститорите во Dogecoin (DOGE), а следствено ќе биде од корист и за една од омилените криптовалути на Илон Маск.