Бизнис

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ БАНКАРСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Извор: PROMO

1 март 2023, 13:27

promo

Ако барате место каде што ќе можете да видите и да слушнете повеќе за современи ИТ-решенија од областа на финансиите и банкарството, претстојната Конференција и изложба на Technobank е вистинското место за вас.

Водечката конференција и изложба за ИТ во регионот ќе се одржи на 29 и 30 март 2023 година во Белград, во хотелот Crowne Plaza, а отворањето е најавено за среда, 29 март во 9:00 часот.

BloombergAdria.com

 

Technobank традиционално (22 години) претставува главно место каде што се среќаваат технологијата и најдобрите практики во Југоисточна Европа. Од една страна, таа обединува претставници на реномирани ИКТ-компании кои ги претставуваат своите иновативни технолошки решенија и производи, а од друга страна, претставници на банкарскиот и финансискиот сектор.

Учесниците ќе присуствуваат на разни панел-дискусии, студии на случај и примери од пракса што се применуваат на разни пазари. Учесниците на конференцијата Technobank ќе имаат можност да ги збогатат своите искуства, контакти и деловни процеси преку лична и директна интеракција.

BloombergAdria.com

 

Доколку сте дел од ИТ или од банкарската индустрија и сакате да ги дознаете актуелните трендови на дигитална трансформација на банкарските технологии, пополнете ја онлајн-пријавата и регистрирајте се за присуство на конференцијата преку ВРСКАТА.

Според организаторот, годинава главниот фокус ќе биде на влијанието на новата економска реалност врз банкарската индустрија и на значајната улога на технологијата во новонастанатите околности. Покрај тоа, ќе се зборува и за e-трговијата како најбрзорастечка индустриска гранка, за електронските пари, Soft POS решенија, дигитализација на банкарските процеси, автоматизација на готовинските депозити, напредни системи за заштита, регулативи и други актуелни теми од областа на банкарската технологија.

На претстојната конференција свои решенија ќе претстават некои од следниве компании: Payten, Kameleon powered by Salesforce, NCR, Printec, Algotech, Muehlbauer, Worldline, Nexi, Halcom и многу други.

Прелиминарен список на компании учеснички може да најдете ТУКА.

Видео од минатогодишната конференција може да погледнете подолу:

Организаторот на Technobank, ASIT, организира и други конференции со повеќедецениска традиција од областа на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), а тоа се Infotech и Smart eGovernment. „Сите три конференции што ги организираме имаат јасен фокус на унапредување на работењето во разни сектори, преку модерни ИТ-решенија”, велат организаторите.

BloombergAdria.com

LinkedinFacebook & Instagram