Бизнис

„Падна“ првата тужба против СВБ за измама на акционери поради колапсот

Извор: Joel Rosenblatt/Bloomberg

13 март 2023, 20:32

Bloomberg Mercury

Банката на Силициумската Долина, „Силикон валеј“ (СВБ), се соочи со својата прва од, најверојатно, мноштвото тужби за измама со хартии од вредност од страна на акционерите. Банката е обвинета за лошо управување со настаните што доведоа до нејзин колапс.

Во петокот, регулаторите на Калифорнија ја затворија банката и ја испратија во стечај. Тоа се случи откако пропадна обидот за продажба на акции од страна на компанијата и стартапите почнаа да ги повлекуваат своите средства по повик на фирмите за ризичен капитал.

Колапсот на заемодавецот, кој беше малку познат надвор од Силициумската Долина, одекна низ светот на стартапите и ја продлабочи неизвесноста во финансиската индустрија. Акциите на СВБ во четвртокот паднаа за 60 проценти, а нејзините обврзници забележаа рекорден пад.

Главниот извршен директор на СВБ, Грег Бекер, одржа конференциски повик со клиентите на банката, вклучувајќи ги и инвеститорите во ризичен капитал, повикувајќи ги да останат смирени во обид да избегне напад врз банката.

Бекер е именуван како обвинет во тужбата, исто како и главниот финансиски директор Даниел Бек.