Бизнис

Сопственикот на „Полиестердеј“ ја купува „Еуровиа солар“

Автор: Владимир Николоски

16 март 2023, 08:56

Филип Спасовски влегува во бизнисот на производство на струја

„Еуровиа солар“ гради фотоволтаични електроцентрали

Bloomberg

Филип Спасовски, сопственик на „Полиестердеј“ и на уште неколку други компании ја купува фирмата за дистрибуција и производство на електрична енергија „Еуровиа Солар“ од Желино, дознава „Блумберг Адрија“.

Освен на печатницата „Полиестердеј“, Спасовски е сопственик и на рекламната агенција „Акцент Медиа“, на друштвата „Дата принт“ и „Поли соларис“, како и на српската компанија  „Њу Имиџ“.

„Еуровиа Солар“ е основана во 2021 година и е во сопственост на „Еуровиа Холдинг“. Компанијата се занимава со изградба на фотоволтаични електроцентрали.

За оваа концентрација веќе е известена Комисијата за заштита на конкуренцијата.