„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 4 дена
16 март 2023, 09:01
Хрватската компанија купува сто отсто од сопственоста на „Киро Дандаро“
Depositphotos
Хрватската компанија „Сато“ стекнува самостојна контрола врз битолската печатница „Киро Дандаро“ преку купување на сто отсто од уделот кој го поседуваат акционерите, дознава „Блумберг Адрија“.
Хрватската компанија се занимава со компјутерски и сродни дејности, размножување снимени записи, поправка и одржување канцелариски машини и опрема и услуги на фотокопирање.
АД „Киро Дандаро“ е активна на пазарот за флексибилна амбалажа, наменета за пакување на производи од прехрамбената, хемиската, фармацевската индустрија.
За оваа купопродажба веќе е известена Комисијата за заштита на конкуренцијата.