„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 4 дена
16 март 2023, 13:53
Нишад Синг, поранешен директор на инженерскиот оддел на FTX, добил 587 милиони долари
На сметката на Гери Ванг, коосновач на компанијата, легнале 246 милиони долари
Истрагата веројатно ќе открие уште вакви трансакции
Bloomberg
Според судски документи, основачите и клучните луѓе на пропаднатите компании од групацијата FTX добиле 3,2 милијарди долари (ако се сметаат уплатите и заемите) од криптофондот „Аламеда рисрч“(Alameda Research).
Оваа сума вклучува и 2,2 милијарди долари што ги добил Сем Банкмен-Фрид, покажуваат судските записи. Банкмен-Фрид е еден од основачите на компанијата и сега чека судење, откако се изјасни за невин за продолженото кривично дело измама што наводно го извршил додека бил на чело на криптоберзата.
Исто така биле воспоставени и следните трансакции:
1. 587 милиони долари добил Нишад Синг, поранешен директор на инженерскиот оддел на FTX;
2. 246 милиони долари добил Гери Ванг, коосновач на компанијата;
3. 87 милиони долари заминале кај Рајан Саламе, еден од директорите на „ФТХ дигитал маркетс“ (FTX Digital Markets);
4. 25 милиони долари му биле префрлени на Сем Трабуко, еден од директорите во „Аламеда“;
5. Керолин Елисон, поранешната генерална директорка на „Аламеда“, пак, добила шест милиони долари.
Во оваа сума не се вклучени 240-те милиони долари потрошени за купување луксузен имот на Бахамите, како ниту политички или хуманитарни донации од FTX. Исто така, не се опфатени трансакциите со подружниците на Бахамите и на други места, се додава во документите.
Тие го истакнуваат и фактот дека „во моментов не може да се предвидат износот и времето на евентуално враќање на средствата“ и додаваат дека со форензичка анализа најверојатно ќе се откријат уште средства и трансакции.
Регулаторите во САД тврдат дека FTX ги користел средствата на штедачите да тргува со својот хеџ-фонд „Аламеда“, како и за лични трошоци. Елисон, Ванг и Синг се изјаснија за виновни и соработуваат со сојузното обвинителство.
FTX доживеа банкрот во ноември 2022 година, а во буџетот остана дупка од осум милијарди долари. Судот се обидува да утврди колку пари може да им бидат вратени на оштетените.