„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 2 дена
20 март 2023, 11:29
За концентрацијата на капитал е известена Комисијата за заштита на конкуренцијата
Depositphotos
Рудникот „Боров дол“ ќе стане дел од „Бучим“ од Радовиш по завршувањето на постапката за присоединување за која веќе била известена Комисијата за заштита на конкуренцијата.
„Бучим“ ДООЕЛ Радовиш е друштво чија примарна дејност е вадење на други руди на обоени метали. „Бучим“ до 2021 година, вршеше ископ на минерална суровина на бакар и злато. Меѓутоа, од 2021 година, ископот на минерална суровина во рудникот е прекинат поради исцрпување на рудата во отворените копови. Па така, од 2021 година, „Бучим“ започнува да врши преработка на ископената руда од рудникот „Боров дол“ во индустрискиот погон – флотација.
„Боров дол“ е друштво чија примарна дејност е исто така вадење на други руди на обоени метали. „Боров дол“ е формирано во 2010 година со цел да се изведат детални геолошки истражувања за присуство на бакарна руда на локалитетот Боров дол, во Општина Конче, Општина Штип и Општина Радовиш.
Согласно Законот за минерални суровини, за да заврши целата постапка и Владата на РСМ треба да даде согласност за статусни промени.