„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 2 дена
25 мај 2023, 08:30
Во 2022 година најмногу е увезено дизел-гориво
Увозот на нафтените деривати во 2022 година бележи зголемување во однос на претходната година
Најголем увозник е „Окта“, на второ место е „Супертрејд“
Bloomberg
Драстичен раст на увезените количества нафтени деривати имало во Македонија во текот на минатата година, а најмногу се трошело дизел-гориво. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, лани биле увезени 1.321.597 тони нафтени деривати, што е за 21,18 проценти повеќе во однос на увезените количества нафтени деривати во 2021 година (1.090.610 тони).
Во 2022 година најмногу е увезено дизел-гориво, односно 63,63 проценти од вкупниот увоз, потоа следуваат мазутот, моторните бензини, пропан-бутанот (ТНГ), млазното гориво, екстра-лесното гориво (ЕЛ-1) и има мал процент на увоз од биогориво.
Во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2022 година доминираат дизел-горивата со 62,20 проценти и мазутот со 19,89 проценти, а дури потоа следуваат безоловните бензини, со учество од 9,27 проценти, и течниот нафтен гас, со 5,57 проценти.
Набавката и продажбата на нафтените деривати Македонија, во текот на 2022 година, активно ги вршеле 26 правни субјекти лиценцирани за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.
„Дел од претпријатијата што поседуваат бензински пумпи, покрај основната дејност да продаваат горива на своите бензински пумпи, се јавуваат и како трговци на големо, односно дел од набавените течни горива не продаваат преку бензинските пумпи, туку им го продаваат директно на крајни потрошувачи“, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Најголем удел во продажбата на домашниот пазар (преку бензински пумпи и до крајните потрошувачи) има „Макпетрол“, 27,85 проценти, по што следуваат РКМ, со 15,22 проценти, и „Супертрејд“, со 10,88 проценти.