„Експидија“ ги намали прогнозите за годинава поради помалата побарувачка за патувања во САД
Акциите на „Експидија“ паднаа за 7,3 проценти откако беа објавени резултатите и прогнозите.
пред 2 дена
24 мај 2023, 17:34
Инвестицискиот гигант е во разговори со неколку американски регионални банки
Стив Шварцман/Извор: Bloomberg/Bess Adler
Главниот извршен директор на „Блекстоун Инк.“ (Blackstone Inc.), Стив Шварцман рече дека инвестицискиот гигант е во разговори со неколку американски регионални банки за да ја испита можноста за купување на нивните средства и заеми.
„Притисокот врз тие регионални банки нема да дојде само од пазарите“, рече тој во видео интервју денеска во рамките на Катарскиот економски форум во Доха. „Тој ќе дојде од регулаторите, а тоа ќе ги направи помалку способни да даваат кредити“, додаде Шварцман.
Според него, „Блекстоун“ може да има корист од тоа што регионалните банки се повлекуваат од кредитирање на делови од економијата и да стане нивен „природен партнер“.
„Гледаме можност фирмите како Блекстоун да ја пополнат таа празнина“, рече тој.
„Блекстоун“, кој управува со речиси илјада милијарди долари, е најголемиот светски менаџер на алтернативни средства и растечки извор на финансии, кој не доаѓа од банкарскиот сектор.
Шварцман (76 години) додаде дека суверените фондови од Блискиот Исток го „револуционизирале капиталот“ преку канализирање огромни суми пари во безброј инвестициски проекти. Богатиот републикански донатор не знаеше кој претседателски кандидат ќе го поддржи во 2024 година, велејќи дека е премногу рано.
Владата на Катар е домаќин на Катарскиот економски форум во Доха, поддржан од „Блумберг“.