Бизнис

Приватни македонски универзитети: Едни прават милиони, други собираат трошки

Автор: Владимир Николоски

26 мај 2023, 08:30

Истражување на „Блумберг Адрија“

Годишни приходи над милион евра се реткост

Само еден приватен универзитет има добивка поголема од два милиона евра

Bloomberg

Огромен пораст на бројот на факултети има од осамостојувањето на Македонија до минатата година, што се должи на отворањето нови државни, но и приватни универзитети. Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во 1990 година имало 25 факултети, а заклучно со 2022 година имало 134 факултети.

Голем ама раситнет колач

Од Централниот регистар побаравме податоци за вкупните приходи и добивка на десетте најзвучни приватни универзитети и високообразовани установи што нудат програми за студирање од областа на економските науки и менаџментот. Истражувањето покажа дека има огромни разлики меѓу играчите на овој пазар.

Всушност, нашето истражување покажа дека се ретки и универзитетите што имаат вкупни приходи поголеми од милион евра. Такви се универзитетот ФОН, Европскиот универзитет и универзитетот „Американ колеџ“.

Компаниите „плачат“ за стручност

Растот на установите што нудат високо образование донесе и зголемување на бројот на лица што магистрираат. Имено, во 2022 година звањето магистер на науки го стекнале 1.590 лица, што е трипати повеќе отколку во 2010 година, кога магистри станале 479 лица. Во 2022 година, најголем број од магистерските трудови, 611 или 38,4 проценти биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото.

Слични резултати покажува и истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) за младинската мобилност и ЕУ-интеграциите насловено „Како од одлив до прилив на кадар“, според кое 76,7 проценти од испитаниците (млади лица) што живеат во Македонија размислуваат да се иселат. Најголем дел испитаници (58,7 проценти) одговориле дека главна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот во Македонија, а втора најголема причина (42,9 проценти) е можноста за подобро образование во странство.