Бизнис

Продавницата на Тикток е вистинска закана за е-трговијата

Извор: Shuli Ren

18 септември 2023, 10:54

Тикток шоп го имаше своетo деби во САД

За да видите што е способна платформата за социјални медиуми, погледнете ја Индонезија

Depositphotos

За разлика од другите платформи за социјални медиуми, Тикток (TikTok), во сопственост на кинеската „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.), се чини дека е многу повеќе склон да заработува пари преку е-трговија. На глобално ниво оваа компанија има за цел да достигне 20 милијарди долари бруто вредност оваа година, што е четирикратно зголемување од 2022 година, објави „Блумберг“.

Овој месец, своето деби во САД го имаше Тикток шоп (TikTok Shop), најголемиот пазар на апликацијата за кратки видеа, со околу 150 милиони активни корисници. Потрошувачите можат да купуваат производи посебно означени во видеата или во преносите во живо (лајвстримс) кои се емитуваат во стилот на QVC (американски телевизиски канал на кој исклучиво се рекламира). Алтернативно, корисниците можат да влезат на делот за купување преку картичка за трговија, видно прикажан на почетниот екран на апликацијата, а таму можат и да пребаруваат и да прегледуваат.

Има и такви кои би можеле да го отфрлат новиот потфат на Тикток, верувајќи дека Американците немаат навика да купуваат преку видеа. „Мета“ (Meta Platforms Inc.) ја прекина функцијата за купување во живо на Фејсбук минатата година.

Во меѓувреме Индонезија има предупредувачка приказна. Лансиран таму некаде во 2021 година, Тикток шоп (TikTok Shop) веќе е подготвен да ја продаде третата по големина компанија за е-трговија во земјата, „Лазада“ поддржана од „Алибаба груп холдинг“ (Alibaba Group Holding Ltd.), која постои повеќе од една деценија. Корисниците во Индонезија поминуваат во просек по еден час дневно на апликацијата, исто како и оние во САД.

Засега, Тикток не се грижи за заработка преку апликацијата во Индонезија, нејзиниот втор по големина пазар, по САД, ако бројот на корисници е критериум. Неговата цел е да докаже дека оваа платформа може да им помогне на брендовите и на производителите да го претворат вниманието на корисниците во продажба. Таа стратегија е голема главоболка за нејзините етаблирани ривали. Најголемата платформа за е-трговија во Индонезија, „Шопи“ (Shopee), во сопственост на „Си“ (Sea Ltd). со седиште во Сингапур, стана профитабилна за прв пат во четвртиот квартал од 2022 година. Но, конкурентната закана ја принудува повторно да ги забрза инвестициите за да го поттикне растот, намалувајќи го профитот. Во вториот квартал, оперативниот приход на нивниот оддел за е-трговија достигна 66 милиони долари, што е пад од 40 отсто во однос на последниот квартал од претходната година. Во јули, „Алибаба“ инвестираше дополнителни 845 милиони долари во „Лазада“. 

Без сомнение, најголемиот успех на Tикток е како социјална и забавна платформа, привлекувајќи помлади корисници кои поминуваат повеќе време на апликацијата отколку на Fејсбук. Тоа не беше најдобрата дестинација за традиционалните огласувачи. Стапката на конверзија таму, или процентот на корисници кои преземаат друга активност е само 1,85 отсто, наспроти дури 9,2 проценти на фејсбук, покажуваат податоците од„ Моментум воркс“, консултантска фирма со седиште во Сингапур. Впрочем тикток има помлада база на корисници и видео формат на цел екран и тоа се веројатните виновници за тоа. Значи, Tикток сака да се диверзифицира и да најде друг прилив на приходи.

Ова лето, „работата за мрзливи девојки“ беше во тренд на тикток, бидејќи корисниците на генерацијата зед изразија желба за свирки кои нудат флексибилност и рамнотежа помеѓу работата и животот. Што е со преносот во живо и социјалната трговија? Тикток секако е желен да експериментира.