text size
Во земјите од регионот Адрија постои значителен приватен капитал, но неговиот потенцијал сè уште не е целосно искористен преку финансиските пазари. Успешните претприемачи, кои најголем дел од своето богатство го изградиле преку сопствените компании најчесто го чуваат во банкарски депозити, недвижнини или го реинвестираат во деловни активности. Но, со растот на акумулираниот капитал и смената на генерациите, се отвора прашањето како тоа богатство да се диверзифицира, професионално да се управува и да се зачува на долг рок.