text size
Феруел е на самиот врв на покерската хиерархија. Овој професионален играч од Русија заработува на „ГГПокер“ (GGPoker), „Америкас кардрум“ (Americas Cardroom) и други сајтови, каде што го користи Дарт Вејдер како свој аватар. Негов плен се искусни и помалку искусни играчи што имаат пари за губење. Феруел ги контролира своите емоции во текот на играта, но не избегнува да го искаже своето мислење на покер-форумите кога нешто не му се допаѓа.