Во текот на летните денови работите што ги користиме престануваат да бидат само тоа - тие стануваат мали ритуали, потпори и потсетници дека добрината кон себе често се крие во наједноставните избори.
Шишенце во кое сонцето останало малку подолго
„Пенхалигонс соларис“ (Penhaligon’s Solaris) е токму еден од оние мириси што летото го претвораат во доживување. Како сонце во зенит, цитрусите се мешаат со рибизла, додека кедарот и ванилата му даваат на парфемот сила и грациозност. Тоа е мирис што ја доловува атмосферата на летото и плажата. Припаѓа на колекцијата „Британски приказни“ (British Tales), инспирирана од британската традиција и историјата на куќата „Пенхалигонс“, која трае повеќе од 150 години. Горните ноти се рибизла, нероли и лимон, средните ноти се иланг-иланг и јасмин, а базата ја сочинуваат кедар, сандалово дрво и ванила.
Bloomberg Businessweek Adria
(околу 12.800 МКД за 100 мл)
Ништо важно да не исчезне
Во деновите кога сè изгледа расфрлано меѓу патувања, плажа и секојдневни обврски, „епл ертаг“ (Apple AirTag) станува тивок систем за сигурност. Едноставниот уред овозможува без напор да ги следите своите работи - од клучеви и паричници до фотографска опрема или дури и домашни миленици. Тоа е технологија што не бара внимание, но носи спокој. Едноставно користење преку апликацијата Фајнд мај (Find My).
Bloomberg Businessweek Adria
(од околу 2.400 до 2.800 МКД, во зависност од генерацијата)
Торба што носи многу - и тоа со стил
„Хулкен“ (Hulken Original Rolling Tote Bag) е торба што го менува начинот на кој ги доживувате секојдневните обврски. Направена е од исклучително издржлив, водоотпорен полипропилен со мазни тркала што се вртат 360 степени и силни рачки, лесно се движи при шопинг, патувања и сите летни задачи. Иако е лесна, неверојатно е цврста, носи големи товари и се преклопува кога повеќе не ви е потребна.
Bloomberg Businessweek Adria
(голема 40 x 66 x 50 - 11.800 МКД; средна 30 x 56 x 40 - 10.400 МКД; мала 23 x 56 x 36 - 9.400 МКД)
Свежина и сигурност со мирис на лимон
Дезодорансот против потење „маск зест“ (The Body Shop Blue Musk Zest) носи свежина што трае цел ден. Цитрусните ноти на грејпфрут, лимонска трева и гераниум создаваат чувство на чистота и енергија, додека лесниот мошусен потпис останува дискретен. Веганската формула е создадена да обезбеди сувост и сигурност во секој момент.
Bloomberg Businessweek Adria
(околу 470 МКД)
Пет минути за одморено лице по далечни патувања
Маската „џет лег“ (Summer Fridays Jet Lag Mask) е мал ресет за кожата што минала низ сонце, клима и патувања. За неколку минути ги враќа блескавоста и чувството на одмореност, како токму да сте пристигнале на место каде што сè забавува.
Bloomberg Businessweek Adria
(Мини 28 г: околу 2.000–2.200 МКД; стандард 64 г: околу 3.800–4.000 МКД)
Парче лето што секогаш мириса на море, дури и кога не сте таму
Пешкир со реси за на плажа од „Ејч енд ем“ (H&M) е едноставен летен луксуз. Оваа сезона колекцијата води кон естетиката на југот на Франција, следејќи ја новата дестинација за снимање на четвртата сезона на хит-серијата на Ејч-би-о „Белиот лотос“. Пешкирот со живи бои не е само додаток за плажа туку и дел од летното расположение.
Bloomberg Businessweek Adria
(околу 2.500 МКД)
Време што се полни со светлина - и стил
„Таг хојер акверејсер профешнл 200 соларграф“ (TAG Heuer Aquaracer Professional 200 Solargraph) ги спојува прецизноста, елеганцијата и модерната технологија. Соларното напојување и швајцарската изработка го прават сигурен придружник за активно лето, додека дизајнот останува доволно софистициран и за вечерни моменти. Водоотпорноста до 200 метри овозможува посериозни спортски активности: нуркање, пливање и планинарење..
Bloomberg Businessweek Adria
Мал ритуал што секое дружење го претвора во настан
Сетот за коктели „Луј“ (Louis) од шест дела носи сè што е потребно летните дружења да ги претворите во мал ритуал. Приготвувањето коктели станува дел од забавата и летното расположение што се памети.
Bloomberg Businessweek Adria
(околу 1.700 МКД)
Книга што потсетува каде е единствениот вистински компас
„Највисок дар“ (The Supreme Gift) од Паоло Коелјо носи современа и инспиративна реинтерпретација на еден од најубавите текстови за љубовта, кој потекнува од Хенри Драмонд. Кон крајот на 19 век, како млад шкотски мисионер кој штотуку се вратил од Африка, Драмонд го изложил своето толкување на Првото послание на Свети Павле до Коринтјаните. Неговото предавање за љубовта ја воодушевило публиката и останало запаметено како едно од најтрогателните и најубави размислувања за љубовта што се некогаш напишани.
Bloomberg Businessweek Adria
Врз тие темели, Коелјо во оваа книга нуди сопствена современа и инспиративна интерпретација на истиот текст, враќајќи нè кон суштинското прашање - што навистина го води човекот низ животот.
(399 МКД)
Забелешка: Наведените цени се информативни и се преземени од интернет-извори. Можно е да има отстапувања од реалните цени во продавниците поради промени во понудите, попусти и резерви.