text size
Ричард Беноа отпатувал на Алјаска пред нешто повеќе од една година за да тестира серија од најновите кинески електрични возила (ЕВ) [to биле транспортирани во САД за да ги воодушеват онлајн инфлуенсерите од автомобилската индустрија како него. Седејќи зад воланот на небесносиниот модел „чери ајкар 03“ (chery iCar 03), Беноа се воодушевил од пространиот ентериер на теренецот, дигиталниот широк екран со вградени караоке-функции и изненадувачки ниската цена: 24.000 долари. „Сега ми е јасно зошто не сакаат овие возила да дојдат во Америка“, вели тој во видеото што го објавил на Јутјуб. „Ова е лудило.“