text size
Кога Рене Левек, основачот на водечката сепаратистичка партија во Квебек, во 1980 година убедливо го загуби првиот референдум за отцепување на таа покраина од Канада, побара од своите потиштени приврзаници да не губат надеж. „До следниот пат“, им порача. Петнаесет години подоцна, сецесионистите се обидоа повторно. Овој пат загубија за влакно, откако 49,4 отсто од гласачите заокружија „да“.